КАРПОШ 4 ДОБИВА НОВ МААЛСКИ ПАРК

0
38

Денеска, започнаа интензивните активности за изведба на новиот маалски парк во населбата Карпош 4, меѓу улиците „Соле Стојчев“ и „Желево’“.

Службите на општина Карпош работат на поставување на нов систем за наводнување на зеленилото, засадување на нова тревна површина и украсни растенија.

 

Исто така, предвидена е обнова и на детското игралиште кое е лоцирано во овој дел од населбата, како и на постоечкиот летниковец и на урбаната опрема – клупи и корпи за отпадоци.

 

Со овие активности, целосно ќе се промени ликот на овој јавен простор, со што истиот ќе добие нова вредност. Автоматскиот систем за наводнување ќе придонесе за поголемо раззеленување на површината.

 

Ова место, интензивно го користат околните жители, децата и младите кои во попладневните часови најчесто се рекреираат тука. По овие активности, кои се предвидени да траат меѓу 15 – 20 дена (во зависност од временските услови), ќе се добие уреден и зелен маалски парк со содржини за сите граѓани.

 

Локалната самоуправа деновиве го заврши и маалскиот парк во УЗ „Владо Тасевски“, спроти хотел „Карпош“. И таму е засадена нова тревна површина, со систем за наводнување, а ќе се обнови и постоечката урбана опрема.

 

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно и совесно користење на овие зони.

 

 

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ