Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска во Сопиште направи увид во градежните работи на новиот објект на градинката „Виножито“, втор објект за згрижување деца од предучилишна возраст во оваа Општина.
Таа изјави дека новата градинка има капацитет да згрижи 57 деца кои ќе бидат организирани во три групи – две за деца од две до шест години, а третата група e за јасли. Според динамиката на активностите, градинката треба да биде завршена за најмногу еден месец.