ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2021

0
208

Во организација на здружението „Внимание“- Гевгелија,
денеска (29 јули, 2021 година), во ноќниот клуб „De Facto“-
Гевгелија, со почеток во 19:00 часот ќе биде одржана Првата
ревијална вечер од Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ
2021 година“. Влезот е со карта која чини 100 денари. Според
програмата, овој фестивал предвидува и Втора ревијална вечер
која ќе се одржи утре (29 јули, 2021 година), на кои со соло
настапи, дуети, трио и квартети настапи со песни од странска и
домашна музика ќе се претстават потенцијални млади кои сакаат
да се бават со музика од Гевгелија и соседните општини
Богданци, Струмица и Валандово. Фестивалот е со
натпреварувачки карактер, а настапите ќе ги оценуваат стручно
жири составено од: Александар Бончев, Боби Гошиќ, Елисавета
Бончева и Маја Зафирова, која е и проект-координатор на
фестивалот. За победниците во категории следуваат награди.
Учествуваат: Ѓорге Митров, Ангелина Несторова, Патриција
Петкова, Дијана Јакимова, Серафина Ѓорбашлиева, Ања Поп￾Костова, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Марија Папучиева,
Ели Бојмалиева, Ангела Зафирова, Кристина Терзиева, Ангела
Николова и Тамара Томова.
Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2021“ е поддржан
од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање
програми и проекти од областа на културата од интерес на
општина Гевгелија за 2021 година.