Во Крива Паланка во тек е повик за поднесување понуди за регулација на коритото на Крива Река

0
51

Во Крива Паланка во тек е повик за поднесување понуди за регулација на коритото на Крива Река

 Општина Крива Паланка објави повик за квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 3, во должина од 217 метри.

-Регулацијата на коритото на Крива Река е дел од вториот проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2. Овој повик за понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на „UN Development Business“ од 4 август 2016 година, печатено издание и објавена електронски на истиот датум. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) за спроведување на проектот за подобрување на општински услугите (МСИП2) и дел од добиените средства од овој кредит ќе ги искористи за плаќања по договор за „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 3 во должина од 217 метри“. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање, специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка, во периодот од 7:30 до 15:30 часот.

Комплетната тендерска документација на македонски јазик може да се купи од страна на заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата: ул.св.Јоаким Осоговски 175. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Крива Паланка со поднесување писмено барање и приложување на докази за уплата за подигнување на документацијата, како и по електронска пошта. Понудите мора да се достават на оваа адреса најдоцна до 12:00 часот, на  18 август 2021.