Нов лик на маалскиот парк во МЗ „Владо Тасевски“ во Карпош

0
188

Засадена е нова тревна површина и поставен е систем за наводнување, во паркот  во урбаната заедница „Владо Тасевски“, спроти хотелот „Карпош“ (долж булеварот „Партизански одреди“), што ќе придонесе за побрзо подигнување на зелена површина.

Како што соопштуваат од општина Карпош,на овој начин, за околу десетина денови се очекува овој простор меѓу зградите да биде целосно разеленет. Паралелно, општинските служби ќе ја обноват и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци), а предвидена е реконструкција и на постоечкиот летниковец.

-На овој начин, добиваме нова зелена површина на 2.000м2, со што овој јавен простор добива нов лик, наведуваат од општина Карпош.

Локалната самоуправа деновиве најавува дека ќе продолжи и со уредување на просторот во Карпош 4, меѓу зградите на улицата „Соле Стојчев“. Овие маалски паркови се меѓу најпривлечните зони за рекреација и маалски соживот на граѓаните. Оттука, општината продолжува да вложува во хуманизација на јавниот простор и креирање на содржини за сите генерации на граѓани, додаваат од локалната самоуправа.