СРЕБРО НА ГРАДИТЕ, ЗЛАТО ВО СРЦЕТО!

0
51

Прв медал за Македонија на Олимписките игри во Токио. Дејан Георгиевски, сепак, дојде до сребрениот медал, откако во финалето загуби од Владислав Ларин. Но, и ова е голем успех за Георгиевски, најголем на Олимписките игри за нашата земја. Браво Дејан!

Првиот дел од борбата го доби Ларин со 2:0, а потоа Георгиевски на стартот израмни 2:2. За само две секунди успеа Ларин во вториот период да направи пет поени и да врати 7:2.  Меѓутоа Георгиевски со два удари дојде до 7:5, а потоа со уште еден удар и до 9:5. Меѓутоа Георгиевски го возврати ударот и дојде до 9:7.

Третиот период донесе казнен поен за Георгиевски за 10:7, а потоа 10:8. Ударот во главата на Ларин му донесе предност од 13:8. Потоа и казнен поен за Русинот за 13:9, а потоа уште еден удар за 15:9, и тука веќе се знаеше победникот.