Промена во раководството на Ф.К. „Престон Македонија“

0
234
Претседателството од Злате Груевски премина на Давид Цветковски:
ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА СО КОНТИНУИТЕТ И АМБИЦИЈА ЗА ПОДЕМ
Злате Гру­евски, по повеќе години на кормилото на фудбалскиот клуб Престон Маке­донија, се повлече од функцијата претседател и член на управата од професионални и лични причини. Груевски, всу­ш­ност, ќе премине во Со­ве­то­давниот одбор на клубот и ќе помага со менторство, иницијативи и проекти што се во тек.
Тој и неговата управа во изминативе 8 години направи низа позитивните чекори и достигнувања. Престон Маке­донија од клуб кој беше пред стечај пред 10 години, со големи напори на посветена група волонтери, спонзори, членови и поддржувачи го вратија клуб на добар пат што многумина сега им завидуваат.
По промоцијата во Нацио­н­ал­ната премиер лига 3 и пос­тавувањето рефлектори за вечерни натпревари, во тек е и големо обновување на стадионот.
Престон повторно е силен клуб кој ќе се обиде до крајот на сезоната да се искачи уште едно ниво – во НПЛ 2 на Викторија.
Предизвиците за водење на фудбалскиот клуб се огромни, особено за клуб како Престон, а новиот претседател Давид Цветковски, кој го презема раководството, ќе продолжи да работи со управата во нивната цел – да ја остварат 5-годишната стратегија што колективно е поставена за клубот во 2020 година.
Тој впрочем за многумина е и познат бидејќи беше и дел од успешната управа што даде големи резултати, и беше во улога на благајник и потпретседател. Покрај тоа тој е и човек за се: од организација до водител на радио-програма, видео-подкасти на “лавовите“ и човек за односи со јавноста. Така што Престон Македонија навистина останува во сигурни раце и му посакуваме и понатаму да реди успеси и успешно да се доврши градбата на новиот комплекс на стадионот во Резерво.