Државниот архив упати повик до иселениците да достават архивски материјали од национално значење
Материјалот, појаснуваат, може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување.
-За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите како и посебни архивски фондови, средени и обработени според архивските стандарди, достапни за научно-истражувачки цели согласно архивскиот материјал, соопшти денеска Архивот.
Материјалот, појаснуваат, може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма.
Пред доставување на истиот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис.
При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција.
Текстот е превземен од порталот : Лидер