Кугланата во Битола која општината и Агенцијата за млади и спорт целосно ја реконструираа во внатрешноста со нови кугларски патеки и опрема, сега има и нов надворешен лик.
Пред кугланата која е во рамки на спортската сала во Битола поставени се кугларски реквизити кои од далечина овозможуваат препознавање на објектот.
Со реконструкцијата на битолската куглана, кугларските клубови од овој град непречено тренираат и се подготвуваат за превенствени и куп натпревари, и е овозможено одржување на домашни и меѓународни натпревари организирани од страна на Кугларската федерација на Македонија.
За обнова на кугланата, која сега е лиценцирана и изградена по европски стандарди, Општина Битола и Агенцијата за спорт и млади вложија околу 14 милиони денари.