Дојран доби комунална опрема преку фондовите на ЕУ

0
212

Општина Дојран, преку ИПА програмата финансирана од фондовите на ЕУ, ја доби ветената комунална опрема што денеска на располагање на јавното комунално претпријатие му ја предаде градоначалникот Анго Ангов.

Пристигната опрема се состои од едно возило за собирање и транспортирање на цврст комунален отпад, 620 пластични канти за отпад и компостирање за домаќинствата како и 12 средни и големи контејнери кои ќе бидат поставени на јавни површини, велат од општината.

Новата опрема конечно ќе и овозможи на Општина Дојран да започне со примена на концептот ,,нулта отпад,, и на пилот активностите за одлагање на органски отпад и негово компостирање, рече градоначалникот Ангов и нагласи дека веднаш почнала распределбата на кантите за отпад по домаќинствата, која ќе продолжи и наредниве денови.