1. август 2021 – Се‘македонско Илинденско одбележување
22 јули, 2021 – Торонто: Организацијата Обединети Македонци на сите Македонци им го честита македонскиот верски и национален празник Св. Илија, т.е. Илинден.
Истовремено ги известуваме сите Македонци дека овогодишната Илинденска прослава ќе биде во недела, први август, на македонскиот парк „Илинден“, 21351 автопат Онтарио број 12. Според препораките на здравствените власти на Онтарио, имаме право на неограничен број посетители за верската прослава на отворено, под услов да се оддржува растојание од две метри. Повелете сите заеднички да го прославиме Илинден и после една и пол година конечно да видите поширок круг драги пријатели.
Одбележувањето ќе започне со Утринската молитва во 12:00 часот, крстење вода во чест на патрониот празник, Св. Илија, и потоа испевање за сите паднати борци за слободата на Македонија, кое ќе биде веднаш потоа во 13:00 часот.
Следниот ден, втори август, во 11 часот ќе положиме венци пред споменикот на паднатите борци за ослободување на Македонија пред црквата Св. Климент Охридски.
При оваа прилика ги потсетуваме и охрабруваме сите Македонци дека паркот „Илинден“ е отворен за разни семејни прослави на отворено, како излети, родендени, крштевки, венчавки. Јавете се за резервација.