130 домаќинства на кракот од улицата Дижонска 13 во Општина Чаир со нова водоводна мрежа

0
334
Работите за реконструкција на водоводната мрежа на кракот од улицата Дижонска 13, во должина од 460 метри, продолжуваме да ги изведуваме заедно со ЈП „Водовод и канализација“.
Со оваа реконструкција, 130 домаќинства ќе имаат нова водоводна мрежа, додека новите приклучоци се веќе завршени за 45 семејства.
По целосното завршување на реконструкцијата на водоводната мрежа, ќе следат и техничките тестирања за функцијата на овој нов систем и ќе извршиме целосно асфалтирање на улицата, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.