Работните тимови на Општина Струга, со надзор на градоначалникот Рамис Мерко, на терен го асфалтираа главниот пат на населбата „Езерски Лозја“.
Овој пат е дел од проектот за асфалтирање на нови патишта во градот Струга и околните села, кои се спроведуваат во континуитет.
Реализирањето на вакви инфраструктурни проекти го олеснува движењето на пешаците и возилата, со оглед на тоа што токму овој пат не ги исполнуваше нормалните услови за движење.