Почитувани членки и Вашите фамилии ,
Женската секција при црквата Св Илија од Мисисага Ве повикува да ни се придружите во остварувањето на проектот за украсување на црковниот олтар. Иконата која треба да се нацрта чини 30.000 $ . Секоја Ваша донација голема или помала ќе биде од огромна помош многу ценета и добродојдена.
Засега ја имаме и првата донација од Јулија Димитров која донира со фамилијата 5000 $
Следната донација е од Јани Малески со фамилијата кои донираат 1000 $
Господ да ги дарува со сите убавини на овој свет.
Секој од Вас кој сака да донира ќе може донацијата да ја остави во нашата црква , во плик и пуштете го кај свеќите со ознака: донација за олтарот. Исто така може да се донира и со чек или со кредитна карта кај нашата благајничка , повторно со ознака за олтарот .
За повеќе информации засега можете да се јавите во нашата црква или испратете порака на профилот од женската секција .