Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

0
256

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на која се дискутираше за низа прашања кои се од интерес на иселениците. Министерот Спасовски изрази подготвеност да се излезе во пресрет на потребите на иселениците, а за кои министерството за внатрешни работи има надлежност. Како едно од решенијата кои можат да бидат корисни за иселениците, се разговараше за отварање на посебна телефонска линија и шалтер во подрачните единици на министерството, на кои услуга би добивале само иселениците и тоа во текот на периодот од мај до септември, кога тие најчесто престојуваат во Република Северна Македонија.

Во однос на евиденцијата на граѓани кои ја напуштаат земјата со цел иселување во странство, директорот Близнаковски предложи поинтензивно информирање на граѓаните за да го пријават напуштањето на државата, со цел добивање на реална слика за оваа категорија граѓани.

Потенцирајќи ја важноста на зацврстување на  врските со иселениците, министерот Спасовски истакна дека ќе продолжи да се залага за решавање на прашањата со кои се соочуваат тие, а со директорот Близнаковски беше договорено и да се организираат дополнителни меѓусебни  средби за решавање на проблеми кои се однесуваат на иселениците.