Провинцијата Онтарио ги ублажи рестриктивните мерки за Ковид-19, а тоа беше и повод за патриотското друштво “Никола Карев” од Мисисага со закаснување да ја одбележи 116 годишнината од смртта на безсмртниот македонски великан Никола Карев, потврди Трајче Јанакиевски, претседател на друштвото. Сепак според протоколите за Ковид-19 се одржа меморијален ручек во просторијата на Македонската Православна Црква “Св.Илија”, Мисисага,и како што рече претседателот на друштвото Трајче Јанакиевски: “Ова потврдува дека се она што е направено за Македонија од македонските историски личности нема никогаш да биде заборавено. Секаде на светот каде што има македонци, и таму е Македонија. Македонија се сака и од близу и од далеку. Вечна слава на македонските великани”.
дома Иселенички Страни Канада 116 годишнината од смртта на безсмртниот македонски великан Никола Карев