Во Берово започна изградба и реконструкција на локални улици и патишта. Активностите како што информираат од општината се реализираат во рамките на Програмата за изградба на локални улици и патишта за 2021 година.
-Како прва улица која е опфатена со оваа програма е реконструкцијата на дел од улицата ,,Борис Кидрич”, од спој со улица „Јуриј Гагарин” до спој со улицата ,23 Август”, односно делот кој не беше реконструиран, информираа од Општината.
Во моментот како што додадоа се врши вадење на дел од постоечките оштетени ќошници, се врши стругање на постоечкиот асфалт, а предвидено е висинско дотерување на шахтите и асфалтирање.
-Оваа улица е доста фреквентна и е важна сообраќајница, со оглед на тоа што се приклучува кон регионален пат и реконстукцијата на истата ќе биде од големо значење за жителите, додадоа од Општината.
Изведувач на работите е приватна фирма од Радовиш, а за истата од општинскиот буџет за 2021 година ќе бидат исплатени 2,1 милион денари.