Средба на директорот Слободан Близнаковски со градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски

0
197

Градоначалникот на Општина Ресен, денес оствари средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Слободан Близнаковски и Билјана Костова, раководител на секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото.
Гошаревски беше запознаен со досегашните активности на агенцијата, а како регион со традиционално голем број на иселеници, истакна дека од особена важност е продлабочување на соработката со Агенцијата.
– Преспа е регион со прекрасна природа и голем број на културно- историски вредности кои треба да бидат презентирани, а во исто време ја разгледуваме и можноста за инвестиции од иселениците, кои и тоа како се добредојдени во преспанскиот регион- истакна градоначалникот Гошаревски.