Општина Аеродром ќе го претстави Јавното претпријатие за развојни проекти

0
288

Општина Аеродром го промовира првото општинско Јавно претпријатие за развојни проекти. На промоцијата е најавено дека ќе се обратат в.д. директорот на новото јавно претпријатие и организатор на работите на градоначалникот, Владимир Стевков, проф. д-р Илија Насов со проектот „Хибридни фотоволтаични термални системи“ и Наталија Бургиева со проект за управување со органски отпад. Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на настанот ќе го потпише првиот договор за кофинансирање на меѓународен проект од локално економско значење.