Општина Струмица и годинава субвенционира купување нов велосипед

0
255

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за субвенционирање за купување нов велосипед и за таа намена од касата се издвоени 800 илјади денари.

Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од четири илјади денари по лице.

– Со цел да ги стимулираме жителите на градот и населените места за користење на велосипеди и оваа година на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од денеска, па се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавниот повик во износ од 800.000 денари или не подоцна од 1 август 2021 година, Општина Струмица ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, објави градоначалникот Коста Јаневски.

Право на учество на повикот имаат жителите на Општина Струмица, кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите од повикот и да немаат искористено субвенција, односно тие што добиле лани немаат право на учество.

На огласот не можат да се пријавуваат вработените со нивните потесни семејства во Општина Струмица и трите јавни претпријатија чиј основач е локалната самоуправа.

Барањата ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.