Општина Чашка доби финансиски средства за имплементација на повеќе проекти

0
364

Општина Чашка сo Министерството за локална самоуправа потпиша договор со кој доби средства за реализација на проектот „Намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони”, во висина од три милиони денари за набавка на специјализирано возило за комунален смет за потребите на ЈПКД Тополка.

Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, претходно Општина Чашка потпиша договор со Бирото за регионален развој за имплементација на два нови проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година за „Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби” во висина од еден милион денари за набавка на Трактор со приклучна механизација за потребите на ЈПКД Тополка“, како и за „Проекти за развој на селата развојни потреби” во висина од три милиони 816 илјади денари, кој ќе биде наменет  за доасфалтирање на улица „Тодор Јанев” во населба Чашка.

Градоначалникот Стојановски воедно најави дека во наредниот период општината ќе пристапи кон тендерски процес, со што ќе започне имплементацијата на овие проекти.