Презентиран е системот за јавен превоз БРТ во Скопје.

0
386

Со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, а другата линија е предвидено да поминува низ Општина Чаир односно ќе биде од Бутел до Кисела Вода.

Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици. Како што се информираше проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата.