Почна со работа одморалиштето во Стар Дојран, во сопственост на Општина Свети Николе

0
482

Почнува со работа летното одморалиште во Стар Дојран, кое е во сопственот на Општина Свети Николе. Во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, се вели дека одморалиштето за туристите е отворено токму од денеска.

Извршена е целосна дезинфекција на просториите во одморалиштето и се применуваат сите процедури согласно правилникот за заштита од Ковид-19. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат, можат да го користат за престој просториите од одморалиштето со најава на телефонскиот број +389 78359817, се вели во соопштението од Општина Свети Николе.

Заинтересираните граѓани за летен одмор на Дојранското Езерво, за сместување во ова одморалиште ќе плаќаат по 350 денари по лице за една вечер. Инаку, општината секоја година на децата со посебни потреби им овозможува бесплатен летен одмор токму во ова одморалиште.