Отворен центар за кариерен развој во Аеродром

0
267

Во населбата Лисиче е отворен Центарот за кариерен развој. Како што соопштија од општина Аеродром, Центарот ќе го користат невладините организации за реализација на проекти што ќе го подобрат социјалниот, економскиот, културниот и спортскиот живот на жителите.

-Центарот е отворен на иницијатива на Општина Аеродром, која неодамна формираше мрежа на невладини организации што работат на цели од локално, социјално и економско значење и претставува прв таков пример во државата, изјави градоначалникот на Аеродром. Златко Марин.

Градоначалникот Марин и претставници на 14 невладини организации, членки на мрежата, потпишаа Декларација за стратегиска соработка, со која меѓудругото се обврзуваат на партиципативност, инклузивност и недискриминација.

-Општина Аеродром ќе се води од принципите на вклученост, особено во однос на организации кои застапуваат групи лица кои се на маргините на главните текови на општеството. Исто така, општина Аеродром ќе промовира отчетност преку редовно информирање на граѓаните за проектите кои се спровеле од страна на здруженијата, соопштија општинските власти.

Оттаму посочуваат дека ќе продолжат со подеднаква грижа за сите граѓани кои заслужуваат најдобри услови за живот и работа во својата Општина.