Почна реконструкција на две улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово

0
234

Почна реконструкција на две улици во кумановската населба „Перо Чичо“, соопштија од општина Куманово.

Реконструкцијата ќе опфати дел од улицата „30-ти јули“ – од улицата „Веселин Маслеша“, и дел од улицата „Радоје Димиќ“ – од улицата „30-ти јули“ до улицата „Стефан Филиповиќ“.

Вредноста на склучениот договор со компанијата изведувач е 1.930.926 без ДДВ. На јавниот тендер избрана е компанијата „Кооп Инжинеринг“ од Куманово. Договорот е склучен во мај, годинава.

Надлежните од одделението за комунални дејности очекуваат градежните активности на терен кои опфаќаат санација на дотраениот и поставување на нов асфалт да заврши до крајот на овој месец