Младински центар отворен во Кавадарци

0
39

Во Кавадарци е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа.

Со Центарот ќе управуваат организациите „Креактив” и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција”, кои беа избрани преку јавен повик.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев нагласи дека овој Младински центар е многу значаен за младите од општина Кавадарци.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Наумче Мојсовски овој Младински центар е од огромно значење за поврзување, приближување и подобро запознавање на младите луѓе.

Пред присутните се обрати и Ивана Стојчевска од Сојуз за младинска работа.

Претседателот на „Креактив”, Драган Марковски и Ѓорѓи Нанчев, младински работник од СППМД, изразија задоволство што по долги години работа на терен, Кавадарци добива ваков центар.