Г-динот Невен Дарковски како управител на фирмата ДОО Македонија, на средбата информираше дека за сега се задоволни и визијата е постигната. Хотел Епинал во Битола, претставува успешен, позитивен пример за иселеничка инвестиција и поттик за инвестирање од страна на наши иселеници.
Инвеститор е македонска компанија МАКЕДОНИЈА ПТИ ЛТД со седиште во Австралија, чија крајната цел е имплементација на светски стандарди за туристичка дејност и надополнување на содржините со спортски бар и пивница, модерен СПА центар во кој ќе уживаат не само странските гости туку и самите битолчани.
Епинал е општествено одговорна компанија во сите домени на опшественот живеење, еколошки одговорна компанија која ги користи обновливите извори на енергија, грижа за околината ,за своите вработени и највисоки стандарди за квалитет во своето работење.
Поради доброто искуство, од страна на инвеститорите се планира да се прошират инвестициите.
Директорот Близнаковски се заблагодари за средбата и информираше дека целта е да се врати довербата кај иселениците во институциите на државата и верува дека примерот за успехот на „Епинал“ ќе биде поттик и за други инвеститори со намера да ги пренесат своите бизниси и искуства во општините од каде потекнуват.