Уште едно ново детско игралиште во Аеродром

0
224

Општина Аеродром изгради уште едно детско игралиште во Ново Лисиче. Како и сите претходно изградени нови и реконструирани детски игралишта, и ова детско игралиште има современи и реквизити што ја развива детската фантазија. Новото детско игралиште е обложено со лиена гумена подлога, која ги задоволува сите современи светски стандарди за безбедна игра на дечињата. – Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите, изјави, градоначалникот Златко Марин, стои во денешното соопштение од Општина Аеродром.