Остварена работна средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Слободан Близнаковски и директорот на Државниот Архив, г-дин Емил Крстески

0
486

Директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Слободан Близнаковски оствари работна средба со  директорот на  Државниот Архив на Република Северна Македонија г-дин Емил  Крстески. На  средбата , директорот Близнаковски го информираше директорот Крстески дека во комуникација со иселениците и претставници на иселеничките организации, постои интерес материјалите од иселеништво кои имаат големо значење за активностите и постоењето на истите, да бидат испратени до Агенцијата за иселеништво или Државниот Архив и да бидат сочувани.

Директорот Крстески срдечно ја прифати идејата и информира дека Државниот Архив веќе располага со оддел со материјали за македонската емиграција и дека е од големо значење збогатувањето на  ваквиот фонд, кој би бил ризница и сведок на чувањето на македонската култура и традиција преку различни форми на организираност во иселеништвото.

За таа цел на средбата се донесе заедничка одлука да се испрати Јавен повик до сите иселенички организации кои имаат потреба од заштита и чување на нивниот значаен материјал, да го испратат до една од двете институции во дигитална или печатена форма.