Директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, г-дин Слободан Близнаковски, оствари работна средба со градоначалничката на Општината Битола, г-ѓа Наташа Петровска.

0
283

Во просториите на Општина Битола, директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, г-дин Слободан Близнаковски,  оствари работна средба со градоначалничката на Општината , г-ѓа Наташа Петровска. На средбата, директорот Близнаковски ја информира градоначалничката Петровска, дека целта на средбата е запознавање со надлежностите и работата на Агенцијата за иселеништво и согледување на можностите во иднина за заедничка соработка во неколку насоки и тоа:

Информациите за случувањата во општините за сите новини, планирани проекти, настани  и случувања кои се од интерес за иселениците, да бидат споделувани со Агенцијата за иселеништво. Преку новата интернет страна која е во подготовка, овие информации ќе бидат директно пласирани пред иселениците, на кој начин секој би добил информација од Општината од каде потекнува, без пребарувања на други дополнителни портали каде обично информациите се од општ карактер од цела држава.

Втората цел на посетата е општината да ја информира Агенцијата за иселеништво за ресурсите, стопански капацитети, земјиште, туристички и други можности за инвестирање од страна на заинтересираните иселеници  и сакат својот бизнис да го префрлат или прошират во матичната држава, посебно во матичната општина. На тој начин Агенцијата и Оштината би придонеле во приливот, економскиот развој и зголемување на буџетите на општините. Овој дел е една од надлежностите и заложбите на Агенцијата за иселеништво.

Градоначалничката Петровска се заблагодари за посетата и понудата од страна на директорот Близнаковски да се промовираат општините преку порталите на Агенцијата за иселеништво. Таа истакна дека  Општина Битола е традиционално иселенички крај,  има иселеници во прекуокеанските и западноевропските земји  и идејата да се привлечат во матичнита држава е од големо значење.

Градоначалничката информираше дека Битола располага со убави стари автентични градби и од големо значење за Општината би било доколку иселениците инвестираат во реновирање и реставрирање на истите, доколку  некоја е во нивна сопственост. Исто така, г-ѓата Петровска информираше дека моментално интересот за инвестиции е насочен  кон старечки домови и трговски центри кои би биле во близина на Грчката граница заради покажаниот интерес од клиентелата од двете држави.

Во делот на хуманитарните дејствувања од страна на иселениците, Градоначалничката Петровска смета дека иселениците би можеле да помагат водејќи се по примерите на реконструкција на Средното Медицинско Училиште од страна на иселеници во Битола, на што директорот Близнаковски одговори дека Агенцијата за иселеништво е подготвена логистички да ги поддржи хуманитарните акции и да се погрижи донацијата да оди во вистински раце.

Градоначалничката за позитивен пример од инвистиција од дијаспора, го насочи хотел Епинал од Битола.