Списанието „Повод” повторно ќе се издава

0
117

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј после пауза од 30 години повторно ќе го издава списанието „Повод“ наменето за литература и култура.

Списанието „Повод“ почна да се издава со формирањето на Литературното друштво во 1978 година и успешно се издаваше повеќе години од кое излегоа од печат 54 броеви. Како орган на Друштвото, одигруваше главна улога во негување на македонскиот литературен јазик и култура во Австралија при што ги поттикнуваше своите членови да творат и издаваат свои дела и го промовираат својот идентитет и нација. 

Оштината Bayside Council (поранешен Rockdale City Council кој е збратимена со Битола) неодамна на Литературното друштво „Григор Прличев“ му додели дотација за издавање на списанието „Повод“. По тој повод градоначалникот Joe Awada ги покани Иван Трпоски и Душан Ристевски лично да ги запознае при што им додели благодарница за наградениот проект, како што забележа, списанието успешно ќе го промовира македонскиот јазик, култура и македонската заедница.

Списанието „Повод“ се планира да се издава двојазично во печатена и електронска форма и дистрибутира меѓу членовите и љубителите на пишаниот збор.