Словенците им донираa техничко возило на доброволните пожарникари на “Бајрам Мифтари“ од општина Чаир

0
232

Со задоволство бев домаќин на Тимот на волонтерските пожарникари „Котредеж“ од градот Загорија во Сава – Словенија, на делегацијата на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија и нејзиниот директор Беким Максути, новиот претседател на Доброволното пожарникарско друштво “Бајрам Мифтари“, Артан Демири.

При тоа Тимот на волонтерските пожарникари „Котредеж“ од градот Загорија во Сава – Словенија, и донираа техничко противпожарно возило со дополнителна опрема на Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари“, кое функционира во рамките на Општина Чаир.

Клучот од возилото ни беше предадено во зградата на Општина Чаир и им се заблагодаривме на гостите од Словенија за ова донација, што е од огромно значење за жителите на Чаир, со оглед на фактот дека возилото има модерна опрема и е прилагодливо за продирање низ многу наши населби.

Претставниците на сите противпожарни тимови, ги потсетив дека секогаш сум имал најголема почит кон нив и дека пожарникарите извршуваат една од најхуманите мисии во нашето општество, додека на директорот на ДЗС Беким Максути кој беше посредник за донацијата од страна на Словенците, му се заблагодарив за нивната постојана подготвеност да ја поддржат општина Чаир.