Реконструкцијата на кино салата во Пробиштип е во завршна фаза. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека во моментот се работи на завршни обработки на ѕидовите, завршна дрвена акустична облога, тавани и подови. Поставена е и нова хидрантска мрежа.
-По завршувањето на обработките на ѕидовите, плафоните и подот, следуваат завршни облоги од висококвалитетен тепих наменет за ваков тип објекти, ќе се постават и нови 365 модерни столчиња, потоа нови сценски завеси и бочни драперии, изјави Анастасов.
Посочи дека ќе следи целосна замена на вратите и прозорците, во завршна фаза е и реконструкцијата на санитарните јазли на двата ката од објектот. Пробиштипскиот градоначалник, Анастасов најави дека во текот на наредниот месец објектот ќе биде предадена во употреба.
Проектот е вреден близу 20 милиони денари, пари обезбедени како грант од Платежната агенција, а данокот на додадена вредност е обврска на општината