Една убава вест , секоја година општината Бајсајд од Сиднеј на повеќе друштва и организации им доделува парична помош. Така овој пат на 9- ти јуни 2021 година бевме повикани и ние со претседателот на литературното друштво ,,Григор Прличев,, од Рокдајл Душан Ристевски за да ја примиме паричната донација која е доделена за реиздавање на списанието ,, Повод ,, . Донацијата ни ја додели градоначалникот Џое Авада . Исто така донација доби и управата на Фк Илинден од Рокдејл (младите ), која им беше врачена на Лиза Трајчевски и Гоце Трајковски