Свети Николе инвестира во градинките и училиштата

0
307

Општина Свети Николе со средства од сопствениот буџет ги подобрува условите во детските градинки. Градоначалникот, Сашо Велковски вели дека завршен е еден значаен проект во градинката „Рахилка Гонева“ клон 2.

– Реализиравме реконструкција на тоалетите во градинката по 40 години од постоењето на истата, инвестиција е од сопствени средства во вредност од 1.410.000 денари. По реконструкција на покривот и замена на вратите и прозорите, реализацијата на овој проект ќе обезбедиме прекрасни услови за престој, за нашите најмили, вели Велковски.

Тој информира дека анулирани се сите долгови, кои ги имало средното општинско училиште (СОУ) „Кочо Рацин“. Во оваа училиште деновиве учениците и наставниците низ практична настава ги завршија и жетвените активности на нивната училишна економија.

– Благодарeние на доброто работење,  првпат после долго време училиштето е во добра финансиска кондиција, ликвидно и без долгови. Наследивме долг од осум милиони денари, но за само три и пол години исплатени се сите долгови. Знаеме што е најдобро за нашето училиште, за нашата општина, рече Велковски.