Турнир во Пинг-Понг

0
296

Во  календарот со различни активности во текот на летото во Дебар – 2021 година,  е додаден  и турнирот во Пинг-Понг, активност што се организира за прв пат за сите љубители на спортот на пинг-понг.

Овој настан ќе го обележи и службеното отварање на активностите “ЛЕТО ВО ДЕБАР 2021” во организација на Татковинското друштво Дебар во соработка со доброволците  од  Дебар, Планинарскиот велосипедски клуб “Дебар” како и со клубот за пинг понг “Дебар”.

Турнирот ќе се одржи на 4 јули 2021 година, во салата во гимназијата во 10:00 часот.

За сите оние кои сакаат да бидат дел од овој турнир ќе можат да го пријават (бесплатно) своето учество на телефонските броеви 078 488 253 (Ментор Мела) и 070 884 246 (Макси). Ве охрабуваме за масовно учество за натпреварување  за да покажеме повеќе цивилизација преку спортот.

Ве очекуваме!