Се уредува јавниот простор во централното градско подрачје на Македонска Каменица

0
49

Во централното градско подрачје на Македонска Каменица во тек се активности за уредување на јавниот простор на повеќе локации. Активностите се реализираат согласно договорот за бетонски работи и партерно уредување.

-Продолжуваме со уредување на јавните простори во централното јавно подрачје од нашата Општина. Со Договорот за бетонски работи и партерно уредување, покрај изградбата на шеталишта и тротоари, предвидена е изградба и на повеќе пристапни патеки за олеснет пристап до домовите на граѓаните од колективните живеалишта во Македонска Каменица, информираа од Општината.

Паралелно се реконструира и трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица.

-По завршувањето на градежните работи од Договорот за бетонски работи и партерно уредување следува поставување и на 1500 столчиња, со цел поголема удобност за љубителите на фудбалот при следење на натпреварите на ФК Каменица САСА и ЖФК Каменица САСА, додадоа од Општината.

Воедно најавија продолжување на поддршката за учество на младите во спортските клубови, како и за подобрување на условите за нивно непречено функционирање и развој.