Општина Чаир обезбеди близу 5 милиони денари за реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферска канализација за ул. Ресенска 1-2, како учество на Бирото за регионален развој.
Потпишан е договор помеѓу градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.
Овој проект е од голема важност, особено поради фактот дека со него се регулира подземната инфраструктура на ул. Ресенска 1-2, но исто тоа директно влијае на благосостојбата на жителите на општина Чаир .