Населбата Голеш крај Тиквешко Езеро доби улично осветлување

0
261

Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Оваа населба досега немаше улично осветлување, а е една од најголемите населби на Тиквешкото Езеро. Во прва фаза се поставени околу 50 столбови, а во наредната фаза ќе се постават и нови светилки. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за живеење за сопствениците на куќи во оваа населба, како и за туристите кои го посетуваат Тиквешкото Езеро, соопштија од кабинетот на Јанчев.