Набавени нови контејнери и возило за зимско одржување за ЈП Комуналец од Крива Паланка

0
255

Општина Крива Паланка обезбеди нови 192 контејнери за Јавното претпријатие Комуналец во рамки на проектот за регионално управување со отпад. Контејнерите се метални и имаат зафатнина од 1.1 метар кубен.

– Овие садови е планирано да бидат поставени во сите градски и приградски населби од општината, а дел од нив ќе бидат распоредени и долж Коридорот 8. Средствата за проектот се обезбедени од фондовите на Европската Унија.

 

Во  Министерството за локална самоуправа го потпишав и договорот за набавка на моторно возило за одржување на локалните и регионални патни правци во рамки на проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во Општина Крива Паланка”. Возилото е набавено преку повик на Бирото за регионален развој, во рамки на програмата за намалување на диспаритети помеѓу планските региони, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Висината на грантот е околу три милиони денари, а возилото ќе биде со придружна опрема и ќе го  надополни возниот парк на ЈП „Комуналец“.