Булеварот „Цветан Димов“ во Општина Чаир со трајно решение, ќе има 6 коловозни ленти

0
118

Градоначалниците на општина Чаир, Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов, денес најавија почеток на постапка за јавна набавка за реконструкција и изградба на Булеварот „Цветан Димов“ во општина Чаир.

Проектот предвидува модерно решение за главната артерија на Општина Чаир со 6 коловозни ленти, по 3 во една насока, тротоари, велосипедски патеки, зеленило и ново осветлување по должината на целата траса од 1100 метри.

На овој потег е предвидено да минува втората траса на системот на брз автобуски превоз што ќе се движи од Бутел преку Чаир до Кисела Вода.

Целта на Проектот е подобрување на благосостојбата и условите за живот на граѓаните во општина Чаир.