Зоран Митев

0
463

Интервју со Зоран Митев- фатотист

1. Долги години живеете во Република Словенија, како е да се живее и работи во земјата со најуба-вата природа?

Во Словенија сум дојден на 03.10.1983 година, со цел да се запишам во втора година на Академија-та за музика во Љубљана, кај професор Божидар Тумпеј. Во тоа време единствениот солист на фагот во поранешна СФРЈ. (тоа е моето прво доаѓање во Словенија).

Морам да кажам дека тоa е е еден од најдобрите, ако не и најдобар чекор во мојот живот. Не ми e жал што сум дошол и кога повторно би имал можност да бирам, би го повторил истото.

Словенија е навистина прекрасна земја. Се е на само 60 минути оддалечено од Љубљана, море, планини, езера, прекрасни реки со најчиста вода во Европа (скоро по целото течение на реките, водата може да се пие).


2. Своето високо образование го завршувате во Љубљана на музичката Академија на отсекот фа-гот, што ве поттикна да ја изучувате музиката?
Роден сум во сиромашно работничко семејство, без музичка традиција, значи никој од мојата фамилија не се занимавал професионално со музика или жи-веал од неа, освен пеењето, кое не го сметам за не-која традиција туку за талент.

Кога бев мал, во прво одделение, некаде на пролет моите родители купија црно-бел ТВ Маојр 67, тогаш за прв пат видов симфоничен оркестар и прво-то што го реков беше „Јас ќе бидам диригент”. Тој ништо не работи, само мавта со рацете (ха ха ха).

Уште една случка која што ја паметам е следната: Во второ одделение бевме на еднодневна настава од Св. Николе до Дојран, целиот пат додека пату-вав им пеев на моите другари. Во петто одделение почнав да свирам гитара кај учителот и композитор Кирил Трајковски, кој воедно ме подготви и за при-емниот испит во музичкото училиште во Скопје. Во основното училиште бев одличен ученик, мате-матика и физика ми беа омилени предмети, па за-


тоа татко ми беше сигурен дека ќе бидам доктор или архитект, како мојата сестра. Моите родители не сакаа да слушнат за музичко училиште па за-тоа скришум се договорив со мојата сестра и таа ме однесе на приемниот испит во музичкото училиште, тогаш се наоѓаше во Карпош и без никаков проблем ме примија во училиштето.

Како се определив за фагот и тоа е добра случка. По завршениот приемен испит, претседателот на испитната комисија беше проф. Благој Цанев, ме праша што сакам да свирам? Јас замислував дека можеби можам да сви-рам на пример саксофон, сооглед дека не знаев кои инструменти можат да се изучуваат. Професорот Цанев ми посочи дека тој инструмент не можам да го изучувам, по што им реков дека можеби можам да свирам кларинет

и на оваа моја замисла, добив негативен одговор со тоа што професорот Цанев ми посочи дека кларинет можат да изучуваат деца кои имаат нижо музичко и дека има простор саммо во хор или во смерот за фагот. И на крајот решение беше да изучувам фагот.

По завршувањето на средното училиште, ја завршив воената обврска од една година и се запишав на прва година кај професор Сретен Теодосиев-ски, кој беше првиот фаготист во Македонската филхармонија.

Човекот кој има големо влијание врз мене за да заминам во Словенија, беше професорот Предраг Трајковски. По завршување на прва година на ФМУ. Оттука заминав на приемен испит во Белград кај професорот Божи-дар Тумпеј, кој воедно беше и ВД директор на Белградската филхармонија. Во август 1983 година добив писмо од професорот Тумпеј дека се сели во Љубљана и ме покани да студирам во неговата класа на Академијата за Гласбо во Љубљана. По ова се запишав на Академијата за Гласбо во Сло-венија и со макотрпна работа, студирање и вежбање станав она што сум денес.


3. До сега имате настапувана на голем број на концерти што во странство, кој од вашите настапи ви најдраг, што е она што ве инспирира за да музи-цирате?

Настапувањето на концерти е половина од мојата работа. Настапувам со оркестарот на Словенската филхармонија, скоро секој четврток и петок, со различни камерни оркестри, но и како солист и со клавир или со ор-кестар. Најчесто настапувам во трио камерен состав што е и најлесен од логистичка страна. Во Македонија најчесто настапувам со Македонската филхармонија и како солист на Скопско лето и Есенски музички средби. На Охридско лето имам настапувано два пати, еднаш со гудачкиот квин-тет на Словенечката филхармонија и еднаш на концертот за 10 годишни-ната од смртта на професорот Томислав Зогравски. Тешко можам да се одлучам кој концерт ми е посебно драг, а кој не. За мене сите солистички

концерти се еднакво важни, за секој концерт приготвувам доследно и со многу време посве-теност, секој концерт има своја тежина. Најдо-бро се чувствувам какао солист со синфониски оркестар. Тежината на концертите е многу пои-наква и различна, секој концерт бара поинаква психолошка припрема. Најлесно е да се свири со синфоничен оркестар, а најтешко и најмногу време за припреми е потребно за соло рецитал.

4. Вие работите како прв фаготист во филхар-монијата на Словенија, а воедно и предавате на факултет за музичка уметност во Слове-нија, на што ги учите вашите студенти за да би-дат идни успешни музичари?

Да, во моментов сум соло фаготист на Сло-венската филхармонија, професор на музич-ката академија во Љубљана. До лани бев и професор во Сараево на факултет за музичка уметност. Како прв фаготист во Љубљанската опера почнав да работам уште како студент во трета година. Во 1991 година почнав како соло фаготист во Словенечката филхармонија, каде што сум и моментално со титула на признат вр-вен уметник соло фаготист.

На музичката академија сум доцент, но очеку-вам овие денови да добијам титула на вонре-ден професор. Долго време работев и во двете средни музички школи на КГБЛ Конзервато-риумот за музика и за балет во Љубљана и во средното музичко училиште во Велење.

Што ги учам моите ученици и студенти? Инте-ресно прашање. На прв поглед секој ќе рече дека ги учам да свират фагот, но мојата фило-зофија за успех е дека мораат да живеат со и за музиката, да ја сакаат и да се пронајдат себеси

во неа и да го засакаат и почитуват инструментот, кој е важен за исполнувањето на нивната замисла. Изучување-то на инструментот има многу развојни фази, кои требаат постепено да се усвојуваат. Тоа значи дека треба многу вежбање.

Припремата за настап е клучен момент во успехот на еден музичар, на кое посветувам многу внимание, кон-центрацијата е една од основните теми за кој се зборува постојано. Дишењето, медитацијата се основа за секој настап. Сето тоа се субјективни фактори на кои треба да се потсетува студентот постојано.


5. Долги години како музичар, вашата автобиографија ќе запише голем број на успеси, кои признанија, награди и успеси ве доизградиле како афирмиран фаготист?

Имам могу признанија, награди и титули. Уште како ученик во МБУЦ Илија Николовски Луј, добив награда на тогашниот натпревар во поранешна СФРЈ. Како студент добив неколку први награди на републичките и држав-ните натпревари и две студентски Прешернови награди. Прешерновата на-града е највисоката награда во Словенија, која се доделува и ден денес и е нешто највисоко што може некој уметник да го добие.

За РТВ Словенија имам снимано се што е напишано во Словенија за соло фагот и фагот со оркестар и скоро се што е за фагот со клавир. Воедно сум автор или коавтор на 7 ЦД или носители на звук.


6. На сцената сте познатиот музичар Зоран Митев, но приватно сте сопруг и татко, како го исполнувате слободното време кога не сте на сцената?

Слободното време, времето кога не сум на работа или на некој настап, го поминувам со моето семејство. Сопруг сум на мојата прекрасна сопруга Сузана, која исто така е музичар. Таа е професор по флејта и незаменлива домаќинка, жена и мајка. Воедно сум татако на две прекрасни момчиња Михаил и Лука, кои тргнаа и двајцата по мојот пат, и двајцата се музичари, фаготисти.

Михаил магистрираше во Цирих, но и по ова продолжи да оди на специја-лизација кај истиот професор, а минатата година се вработи во операта во Марибор како соло фаготист. Додека Лука е студент во 4 година на музич-ки факултет во Салзбург.


7. Кои се вашите идни планови за самостојни настапи, но и во склоп на филхармонијата?
Идните планови за настап зависат од потребата за такви настапи и при-ликите за истите, па така согласно потребите така и ние се прилагодува-ме. Многу тешко се добиваат концерти со оркестар, а за рецитал треба постојано пријавување на сите фестивали во Словенија, на Балканот и во Европските земји.

Со Словенската филхармонија планирам да го свирам концетрот за фагот и камерен оркестар од словенскиот композитор Lucujan Marija Škerjanc и да снимам уште едно ЦД во соработка со мојот колега трубач со четири концерти.


8. Што ќе им посакате на сите кои го читаат ова интервју?

Би сакал да може македонската публика да ме слуша дома.