Васко Атанасовски, саксафонист и флејтист и еден од најпознатите композитори и музичари од Словенија. Малото момче кое музицираше со својата виолина, прерасна во светски познат музичар.
Интервју со Васко Атанасовски- композитор и музичар
1. Родени сте и живеете во Република Сло-венија, но вашето потекло е од Република Северна Македонија, што значи за вас и дали некогаш сте биле тука за да ги посети-те вашите роднини?
Како дете никогаш не сум бил во Македо-нија, но имам слушано приказни за селото Псача и околните планини од каде потекну-ва мојата фамилија, односно од каде по-текнуваат мојата баба Стојанка и дедо ми Васко, по кого го имам добиено моето име. Подоцна сам истражував за моето потекло и нормално секоја година барем еднаш го-дишно ја посетувам земјата на моето по-текло и моите роднини, а воедно реализи-рав голем број на убави концерти.
2. Каде го завршивте вашето високо обра-зование и од каде желбата за музицирање?
Од мојата петта година почнав да свирам виолина, така што од почетокот на мојот живот, музиката е мој составен дел. Сред-ното музичко образование го завршив во Марибор, но по тоа она што го понуди за изучување од музичката академија, за мо-ите потреби беше многу тесно, па почнав да студирам филозофија и социологија, но уште од почетокот се покажа дека овие сту-дии не се за мене и дека музиката е она со кое треба во иднина да се занимавам. Па еве, повеќе од 20 години работам како про-фесионален музичар и композитор.
3. Што ве инспирира при создавањето на уметноста?
Животот.
38
4. Сте соработувале со многу музички имиња. Кои соработки ви останува-ат најдраги во вашата меморија?
Има многу убави соработки и многу од нив биле многу убави. Некои од соработките биле кратки, а некои траеле повеќе од десет години и таквите биле повпечатливи. Така што подолго време работам со двајца колеги во нашето трио, заедно со Дејан Лапањ и Марјан Станиќ, а таква долготрајна соработка имам и со познатиот хармоникаш од Италија Симоне Занчини и веќе седум години соработувам со Влатко Стефановски, со кого напра-вивме изворенден проект Fire&Ice.
5. Имате настапи со светски имиња како што се Тамара Обровац и Круна Левачиќ, но исто така соработувате и со групата Фолтин од Битола. Како дојдовте до оваа соработка?
Па сите тие соработки се случија природно и спонтано во текот на живо-тот и работењето со музиката. На пример со Влатко се запознавме сосема случајно, преку еден весник од Словенија, кој побара од мене да му правам интервју на Влатко, бидејќи сакаа музичар да интервјуира музичар, а ние по тоа одлучивме да почнеме да музицираме заедно.
6. Компонираш музика за оркестар, театар и за џез ансамбли, каде желба-та за такво компонирање?
Овие контексти ми даваат доволно слобода да го ставам мојот авторски печат.
7. Често настапувате пред различни публика овде на Балканот, но исто така и во Европа, каде ја прифаќаат вашата музика?
Па, морам да кажам дека многу сум задоволен што, од страната на публи-ката ширум светот, бев навистина добро примен, и во Кина, Индија, Арген-тина или во Њујорк, како во Европа, така и на Балканот.
8. Сте издале 13 албуми, од сите овие на кој сте најгорд?
Секој албум има своја приказна и луѓето кои го направиле тоа, така што секој е уникатен и посебен. Можеби некој од нив се пресудни за моја-та кариера да оди во нагорна линија, како што се: „Heat Flower“, „Tanatos Eros“, „Bohemia“, „Come to me“ „Fire & Ice“. Како и моментално најпознатиот „Melem“.
9. Имате свој бенд, како дојдовте до неговото создавање?
Па не можам да кажам дека имам само еден бенд, но да речеме дека во последните десет години сум активен со трио Васко Атанасовски и во дуо со Влатко Стефановски и Симоне Занчини. Како и соработката со Балкан дуо со Зоран Мајсторовиќ и многу ги сакам продукциите со оркестри.
10. Кога не работите на музицирањето, што правите во слободното време?
Уживам, патувам, готвам, пишувам поезија и уживам во дружбата со мојот син.
11. Што ви се допаѓа во Република Северна Македонија?
Најмногу ми се допаѓа музиката и храната.
12. Што ќе му порачате на секој што го чита ова интервју?
На сите им посакувам здравје, среќа и да слушаат добра музика и се наде-вам дека ќе бидете гости на еден од моите концерти.