Интервју со ТОДОР ЈОВАНОВСКИ – ликовен уметник
Инспирација наоѓам во необични работи и детали кои ме обиколуваат или некои носталгични сеќа-вања од детството , Тодор Јовановски, ликовен уметник.
1. Од каде љубовта за уметност?
Ликовната уметност ме интересирала уште од најра-ната младост, практично од како знам за себе. Како дете стално сум цртал се што ќе ми паднало на памет, луѓе, животни, птици, куќи и се друго што ме опкружу-вало. Луѓето се чуделе како може мало дете така да црта убаво. Никој од мојата фамилија не се занима-вал со тоа и сите се чуделе од каде потреба јас тоа да го правам. Едноставно тоа било родено со мене. Во основното училиште „Маршал Тито” во моето род-но место Јегуновце, наставникот по ликовно Јован Василевски зборуваше дека во својата наставничка кариера немал сретнато дете со таков талент и дека сум роден за сликарство. Како сум растел, така расте-ла и желбата за цртање и сликање, а со тоа и новите ликовни сознанија како животен процес кој се одвива и ден денеска.
2. Кои техники ги користите при вашето работење?
Јас ги користам скоро сите техники, масло, темпера, акрил, сув пастел и најчесто акварел. Акварелот ми е примарна техника и според мислењето на компетент-ни луѓе, со оваа техника имам постигнато голем број на успеси во сликањето.
3. На кои дела сте најгорди и зад кои стои некоја спе-цифична приказна при нивното создавање?
Според некоја слободна проценка, до сега имам насликано преку десет илјади слики во сите стилови и техники. Избор на мотивите е една широка лепеза, од портрети, мртви природи, актови, пејсажи, фигу-ративно сликарство, па до апстракции. Во сите овие сликарски групации имам слики на кои сум горд, но сепак најгорд сум на слики со мотиви од родниот крај на кои е приказана старата македонска архитектура, носија и обичаи.
4. Колку до сега имате поставено изложби и која ќе ви остане во најдлабоко во сеќавање?
До сега имам поставено 35 самостојни и преко 400 групни изложби во поранешната Југославија и во светот. Самостојно сум излагал во Сараево, Требиње, Титоград, Никшиќ, Скопје, Земун, Панчево, и повеќе пати во Белград. Најдлабоко во сеќавање ми остана самостојната изложба во Скопје во Галеријата на До-мот на ЈНА во 1981. година и самостојната јубиларна
35. изложба во Белград во 2017. година со која го за-бележав својот јубилеј, 50 години од првата самостој-на изложба која се случи во Сараево во 1967 година.
5. Што чувствувате додека создавате, што ве инспи-рира?
Додека создавам слики, чувствувам големо задовол-ство бидејќи работам нешто што е моја лична пре-окупациа и љубов. Инспирација наоѓам во необични работи и детали кои ме обиколуваат или некои нос-талгични сеќавања од детството поминато во Маке-донија.
6. Вие сте човек кој зад себе има големи уметнички дела. Со кои до сега награди се имате закитено?
До сега имам добиено 18 награди и признаниа за сли-карство од кои би издвоил неколку најзначајни, а тоа се: Златна плакета на Сојузот на културно-уметнички-те друштва на Белград во 1985. година; Прва награда на интернацоналната изложба „РАД-МИР-СЛОБОДА“ во Белград во 1989. година; Прва награда на тради-ционалната година изложба на Домот на ЈНА во Бел-град во 1997. година; Друга награда на 46. ликовен салон во Белград во 2006. година; Специјално при-знание на УЛС „Ѓјура Јакшиќ“ од Пожаревац во 2012. година и други.
7. Како го поминувате вашето слободно време? Дали можеби сликате и во слободното време?
Ова е комплексно прашање па таков ке биде и одго-ворот. Сликарството е моја примарна преокупација и прва љубов, а втора љубов ми е музиката бидејќи свирим гитара и пеам во слободно време. Овие две активности одат паралелно. Додека сликам гитарата е покрај мене и во паузите од сликање со гитарата се релаксирам. Значи, ред сликање, ред свирење. Дека музиката е мое сериозно хоби потврдуваат 43 сниме-ни ЦД-а во студио со 1000 песни од македонскиот на-роден мелос во моја изведба во дует или соло. Иако немам амбиции да бидам естрадни пеач, сепак сум имал неколку настапи на неколку радија и телевизии
во Србија. Практично, покрај сликарството и музика-та, немам слободно време. Покрај тоа, имам многу чести повици за учество на ликовни колонии, до сега 173, па и тој сегмент влијае да сум максимално анга-жиран. Интересно е да напоменам дека четири години бев активен актер во филмската уметност каде учест-вував во снимањето на четири филма и тоа: „Битка на Неретва“, „Сутјеска“, „Вук самотњак“ и „Мост“. За вре-ме на сниманјето имав чест и задоволство да бидам во филмските екипи со најпознатите југословенски и светски филмски звезди како што беше Ричард Бар-тон, Елизабета Тејлор, Јул Бринер, Орсон Велс, Ирена Папас, Франко Неро, Олег Видов, Харди Кригер, Бата Живоиновиќ, Љубиша Самардјиќ, Коле Ангеловски, Милена Дравиќ, Неда Арнериќ, Љуба Тадиќ и уште многу други глумци. Сите овие мои преокупации и животен пат и дело се опфатени во една обимна мо-нографија „КОН ОСОНЧЕНИТЕ СВЕТОВИ“ која излезе од печат во 2012 година, а ТВ КИСС од Тетово сними документарен филм „ТОДОР ЈОВАНОВСКИ – СВЕТО-ГЛЕД НА МАКЕДОНСКОТ ДУХ“ во 2015 година.
8. Што ви недостига од вашето Јегуновце?
Македонија е мојата колевка и како таква ми недоста-сува, ми недостасува тоа поднебје, јазикот, македон-ските специјалитети. Секое лето одам во Јегуновце и Охрид дваесетина дена и на некој начин ги задоволу-вам своите носталгични желби.
9. Дали би се вратиле во татковината назад за да жи-веете тука?
Секако би се вратил, меѓутоа, едно е желба, а друго можноста. Животниот пат ме одведе во Сараево, па во Требиње, а потоа во Плевља каде се и оженив со девојка од тој град и сега како пензионер живеам во Белград. Белград е метропола со многу можности. Тука го усовршив сликарството и стекнав завидна сликарска афирмација. Како претседтел раководам со големо меѓународно сликарско здружение „Ѓуро Јакшиќ“ и член сум на Здружение на истакнати ма-кедонски сликари кои живеат и творат во Србија. За Македонија ме врзуваат спомени, роднините и прија-тели и родната куќа во Јегуновце која ја отворам се-кое лето.
10. Што би им посакале на сите кои го читаат ова интервју?
Прво би им посакал добро здравје, радост и среќа и се најубаво во животот, а како второ им се заблаго-дарувам што го читаат ова интервју, воедно и така се запознаваат со мене и моето работење.