Теодора Ристевска

0
402

Интервју со Теодора Теа Ристевска- студент на докторски науки

Програмата за млади истражувачи е од важно значење на секој образовен систем во една држава. Тоа значи подмладување на постојниот кадар како и можност за градење на кариера на младите, амбициозните и успешните луѓе во рамките на границите на своја-та земја. Разговараме за студентски денови, како и за ангажманот во ис-тражувачката дејност, со Теодора-Теа Ристевска млад истражувач, врабо-тенa од страна на Љубљанскиот уни-верзитет, на Факултето за општествени науки, во истражувачкиот центар за одбрана.


1. Родена во Битола, своето средно образование го завр-шивте во Гимназијата „Јосип Броз Тито” од Битола, а по тоа високото образование го продолживте на Правниот факултет во Скопје на политичките студии, од каде жел-бата да ја изучувате политиката како наука и зошто токму овој факултет го избравте?

Уште од гимназијалските денови, изучувајќи ја фило-зофијата како задолжителен предмет во четврта година, особено интересно ми беше изучувањето на политичката филозофија, а посебно темелот поставен од Сократ, Пла-тон и Аристотел. Вечните прашања од типот кој општест-вен поредок е правилен, кои идеали треба да се прифатат во општествените институции и кои се принципите кои доведуваат до избор и поддршка на одреден институцио-нален поредок, го задржаа моето внимание и посакав да дознаам многу повеќе.Така, ја донесов одлуката за студи-рање и изучување на политиката како наука. Затоа што ги разгледував само опциите на државните универзитети, политичките студии на Правниот факултет во Скопје беа мојата единствена опција. Гледајќи од денешна перспек-тива, горда сум на мојот избор и сметам дека ја донесов вистинската одлука.


2. Паралелно додека студиравте на Правниот факултет во Скопје, своето неформално образование го формиравте, преку учеството во Клубот на оратрори „Forum Oratores“, каде бевте член и земавте активно учество на Оратор-ските вечери на Правниот факултет во Скопје во чест на професорот Иво Пухан. Што за вас значи изучувањето на вештината на јавно говорење, колку оваа вештина ви по-могна во градењето на вашата личност?

Неформалното образование е пресудно за успехот на еден млад човек. Тоа што може да се научи од практич-ната работа, соработката со вредни, паметни и креативни луѓе полни со ентузијазам, може да замени многу часови поминати над учебник. Секако, тоа не значи дека не тре-ба да се учи, најдобро е комбинирано студирање на мате-ријалот за испити, но и волонтерска работа во студентски организации. Во мојот случај, моето студирање немаше да биде потполно, на некој начин и доволно, без моето актив-но учество во студентската организација „Клуб на оратори“ – Скопје. Можам слободно да кажам дека најубавите спомени од студентските денови ми се поврзани со работата и дружењето со членовите на овој клуб. Јавното говорење е вештина којашто има моќ да го промени светот. Многу познати говори се доказ за тоа. Уште поважно, јавното говорење го менува човекот, оној што говори. Промената, којашто јавното говорење ја изврши врз мене беше огромна. Ме научи да се борам, ми отвори некои нови и не толку истражени хоризонти. Неизмерно им сум благодарна на моите инструктори Драгана Каловска и Оливер Станоевски за одличниот вовед во светот на ораторството. Секако, како и на сите ос-танати членови на клубот од кои секој ден учев и емотивно растев, искрено им благодарам.


3. Своите постдипломски студии ги продолживте на Љубљанскиот уни-верзитет на Факултетот за општествени науки, на отсекот Европски сту-дии. Како одлучивте да продолжите во странство и што за вас значи сту-дирањето на овој факултет?

Најпрво студирав на постдипломските студии на Правниот факултет во Скопје, на отсекот Европски институции и политики. По успешно заврше-ните испити, ја консултирав мојата менторка Јулија Б. Базеркоска запишу-вање на магистерскиот труд на некој од истражувачките центри во стран-ство.Тогаш таа ми ја всади идејата за запишување на уште едни мастер студии во Љубљана. Предлогот беше за студирање на програмата Европ-ски студии на Факултетот за општествени науки, испратена од нејзината колешка Ана Б. Фенко, којашто пак подоцна ми беше менторка на магис-терскиот труд во Љубљана. Студирањето на овој факултет и во овој град за мене значеше многу различни нешта. Од една страна, откажување од удобноста која ми следуваа како државјанин во државата во која се ро-див – Македонија. Од друга страна, со моето преселување во Словенија го започнав процесот на учење нова култура, јазик, начин на живот и систем на вредности. Љубљана е место во коешто и двајцата мои родители имале студиски престој, во нивните студентски денови. Многу пати ја споменуваа Словенија, посебно Љубљана, како град со посебна убавина и рај за сту-дентите. Тоа можам слободно да речам дека се покажа како вистинито, Љубљана дури и ги надмина моите очекувања.


4. На истиот факултет и се вработивте, каде денеска активно партиципи-рате, што за вас значи оваа можност да работите во странство?

Можноста да се истражува во Словенија е навистина одлична. Условите кои државата им ги нуди на младите коишто имаат желба да истражуваат и да продолжат со своите студии се доста поволни. Агенцијата за истражу-вање на Република Словенија (АРРС), секоја година објавува конкурси за  млади истражувачи на кои апликантите се пријавуваат за различни истражувачки теми. За мое голе-мо задоволство, јас сум вработена на едно од тие истражувачки места, конкретно на катедрата за од-брана и безбедност при Факултетот за општествени науки, под менторство на проф. д-р Изток Презељ. Темата на којашто моментално работам и истражу-вам е дилемата помеѓу слободата и безбедноста во текот на војната против тероризмот.


5. Постои ли разлика во студирањето на Правниот факултет во Скопје и факултетот во Љубљана? Кои се позитивните, а кои се негативните страни?

Двата факултети го применуваат Европскиот кре-дит трансфер систем, којшто има за цел транспа-рентност и дава можност за споредба на ус-пешноста на студентите кои студираат на различни европски универзитети. Сепак, постојат одредени разлики помеѓу двата факултети. Правниот факултет во Скопје има 4 програми на прв циклус студии: правни, политички и студии по новинарство и од-носи со јавност. Факултетот за општествени науки во Љубљана пак, нуди 11 програми на прв циклус студии, меѓу кои се: информатика за општествени науки, комуникологија -медиуми и комуникациски студии, комуникологија – пазарна комуникација и односи со јавноста, културолошки студии – студии за култури и креативност, меѓународни односи, новинарство, студии за одбрана, политички нау-ки – јавни политики и администрација, политички науки – политички и државни студии, социологија, социологија – кадровски менаџмент. Во оваа при-лика би навела некои убави страни на Факулте-тот за општествени науки во Љубљана. Огромен е бројот на програми и предмети кои се изучува-ат на англиски јазик, со тоа факултетот е мета на многу Еразмус студенти, што овозможува големо вмрежување на студентите. Исто така, службата за меѓународна соработка, неколку пати во годината организира информативни денови, што придонесу-ва бројот на студенти кои се одлучуваат на Еразмус

мус размени и Еразмус пракси експоненционално да расте. Студирањето, пријавувањето на испити-те, уверението за положени испити, како и дипло-мата, се бесплатни. Библиотеката на факултетот е претплатена на најпрестижните научни списанија,

а исто така е снабдена со најновата литература на англиски јазик. Истражувањето и работата во неа е вистинско уживање. Со такви услови секој сту-дент има можност да го прошири своето знаење и со својата дипломска, магистерска или доктор-ска дисертација, на некаков начин да придонесе за општеството и науката.


6. Што му недостасува на македонскиот образовен систем, што би го направил подобар во иднина?

Програма за млади истражувачи, дефинитивно. Доколку наредните носители на јавни политики би се одлучиле на ваков чекор, тоа би значело многу за образовниот систем, подмладување на постој-ниот кадар како и можност за градење на карие-ра на младите, амбициозните и успешните луѓе во рамките на границите на својата земја. Сведоци сме на големиот „одлив на мозоци“ на младите, па можеби тоа би било еден од многуте начини коишто можат да го намалат тој тренд. Исто така, според моите сознанија, сè уште е актуелен проблемот со минималната можност на студентите за практична работа вон теоретското знаење. Иако веќе постојат одредени механизми со кои тоа се стимулира, како што е потврдата за летна пракса, голем број од потписите на тие потврди се добиваат без никакво практично вклучување на студентот. Би сакала да е ова исклучок, но се плашам дека тоа е пракса на најголем број од студентите.


7. Кое е мотото кое ве инспирира да одите напред во градењето на вашата кариера?
Остани истрајна, фокусирана и храбра. Работи, дру-жи се, рекреирај се и грижи се за себе. Кога си ти во ред, сè е полесно. Сите предизвици се лесно решливи, а сите препреки се брзо соборливи. Успехот и градењето на кариерата не се само твоја заслуга, биди благодарна на сите оние коишто се дел од таа приказна, бидејќи секој на свој начин е извор на инспирација и мотива-ција. Поддршката од твоето семејство, пријателите, колегите и твојот парт-нер е најважна. Затоа, не заборавај да им ја возвраќаш поддршката назад, што е можно повеќе.


8. Како го исполнувате вашето слободно време?

Моето слободно време го користам различно, во зависност од годишното време и приликите. Се трудам да биде исполнето со различни културни, едукативни, забавни и спортски активности. Обожавам да одам на кино, тоа го правам најмалку еднаш неделно, слушам музика, слушам радио и podcasts. Исто така, пеам во Македонскиот хор „Биљана“ при Македон-ското културно друштво МКД Македонија – Љубљана.Посетувам различ-ни предавања, трибини и настани организирани од музеите во Љубљана. Се грижам и за моето здравје, тренирајќи јога и мечување. Претежно на пролет и во лето, им се посветувам на атлетиката и планинарењето, но се-пак во зависност од условите и приликите. Ва зима, уживам во неколкуте денови поминати на скијање. И најважно од сè, обожавам да го користам велосипедот како превозно средство низ љубљанските улици, бидејќи на таков начин се грижам и за себе, а и за природата.


9. Кои се вашите идни планови?

Моите идни планови на кариерен план се успешно докторирање, објаву-вање на трудови и успешно аплицирање на истражувачки проекти.


10. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?

Стравот е, според романскиот поет Никита Станеску, само нереализирана форма на љубопитност. А без љубопитност, како реализација на стравот и неговото надминување нема преминување од другата страна на граници-те коишто самите сме си ги создале. Затоа, бидете љубопитни и не забора-вајте да го искористите стравот во ваша полза.