СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛКОВСКИ СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

0
464

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски оствари работна средба со градоначалникот на општина Св. Николе, г-дин Сашо Велковски. Целта на оваа работна средба беше размена на  информации  од локалната самоуправа, како и информации поврзани со културата. На оваа средба стана и збор за можноста  за инвестирање  на иселениците во општините. Воедно се разговараше за  начинот  за заедничка поддршка на туризмот  и промовирање на истиот пред иселениците во дијаспората.