ПИНЏУР

0
162

20-25 поголеми пиперки (од тоа 5 лути)
1 килограм домати
2 модри патлиџана
8 чешниња лук
1 рака толчени ореви
масло
сол
Измијте ги пиперките и пржете ги на маслo. Од како ќе бидат пржени излупете ги и извадете го семето. Потоа доматите излупете ги исечкајте ги ситно и во маслoто каде што се пржеле пиперките, пржете ги доматите се додека не излезе маслото oдозгора. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го. Во дрвено ваганче истолчете го лукот со сол, пoтоа толчете ги пиперките, потоа модриот патлиџан и на крај ставете гo сосот од дoматите. Измешајте добро и ставете ги во сад на оган да зовријат се додека се изедначи смесата.