Оливер Јаневски

0
275

Интервју со Оливер Јаневски- научник во областа на биолошките науки

Во животот нема поголемо задоволство од фактот дека се што имате, сте го создале самите. Инспира-тивна приказна на Оливер Јаневски, научник во областа на биолошките науки, специјалист во областа на млеко и млечни производи, кој подолг период работи во фабрика за производство за млечни произ-води во Колорадо, САД.

1. Своето високо образование го завршивте во Република Северна Македонија, но се преселив-те во САД, што ве поттикна за да го направите овој чекор?

При крајот на дипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, разбрав за светски познатата Fulbright стипендија која се доделува од страна на бирото за образование на САД. За прв пат, таа година 2006 беше отворено полето за земјоделие. Во тоа време на Факулте-тот за ветеринарна медицина активно се подготвував за испит по Технологија на млеко и млечни производи, што го зголеми мојот интерес за оваа област. Аплицирав за да научам повеќе за нови пакувања на млечни производи, како и за стан-дардизација при производство на бело сирење.

Таа стипендија ме однесе на Државниот Уни-верзитет на Јужна Дакота (South Dakota State University – SDSU), како ученик посетител. Одде-лот е еден од двата во САД кои се специјализира-ни за млеко и млечни производи.

Истата година го запознав мојот иден ментор, кој ми понуди целосна стипендија за магистерски студии. Летото 2008 година се вратив во Маке-донија каде работев на кратко во Svedmilk, а на почетокот од 2009 година се вратив во САД. Во 2011 година магистрирав во областа на биолошките науки односно специјализација на млеко и млечни производи. Воедно по ова имав неколку работни понуди, а се одлучив да ја започнам моја-та кариера во компанијата во која сум и денес.


2. Како е да се живее во САД, постои ли голема разлика од дома?
Ова е едно од најтешките прашања кои ги доби-вам дури и од моите роднини. Секое општество си има позитивни и негативни движења или карактеристики, за ова мо-жам да пишувам безброј страници.

Најголем дел од американците работат многу, се што имаат е создадено,

а не е наследено, непотизмот и тука постои, но доколку работите напорно, секогаш имате отворени врати, во други оддели или во други компании, невработеноста е толку мала, а побарувачката на квалификувани кадри е секогаш голема. Компаниите ги грабаат талентираните студенти уште од универзитет и доколку сте амбициозни секогаш можете да напредувате.

Образовниот систем постојано еволуира и постојано некои нови програми се лансираат. Ова не е ми се допаѓа, затоа што децата во основните учи-лишта не се форсираат да учат, туку се оставени да пројавуваат интерес за нешто и сами да го продлабочуваат знаењето. Не знам како ова ќе се од-рази после 20-30 години од сега, во областите каде се потребни инженер. Здравствениот систем е функционален, но секогаш партиципацијата е значителна. Болниците не се една целина, добивате сметка за болницата, докторот, анестезиологот посебно. Доколку имате добро здравствено осигурување тогаш се е во ред.

Она во што уживам е локалната самоуправа и како феноменално се реше-ни урбанистичките планови. На пример кога купувате куќа во договорот кој го потпишувате се обврзувате дека ќе се придржувате на кодексот на однесување на асоцијацијата на сопственици на куќи во областа каде што живеете, како и на деталниот урбанистички план на општината, тоа значи, дека за да доградувате, менувате структури во внатрешноста на куќата или дворот мора да добиете дозвола, ако сакате да ја обоите куќата во друга боја потребно е да добиете дозвола исто така, не смеете да парки-рате автомобили, комерцијални возила на улицата во соседтвото подолго од 72 часа. Сето ова е да се заштити соседтвото и вашиот имот. Куќите се голема инвестиција и сопствениците во целост се грижат за нив. Дел од данокот на имот оди за библиотеките. Библиотеките во САД се апсолутно прекрасни… од игротеки за деца, до посебни оддели каде може да читате и работите.

Свеста за околината е голема, особено е истакнат во последните некол-ку години. Секогаш ќе најдете мал дел од луѓето кои не се внимателни, но најголем дел внимаваат со употребата на пластиката и ја рециклираат. Лично сметам дека сме далеку од она што се’ може да се исклучи од се-којдневниот живот, а штетно влијае врз околината.


3. Во моментов работите во компанија како истражувач во фабрика за сирење во САД, со кои предизвици се соочувате таму?

Кадровски пред се. Колорадо како сојузна држава беше пред се’ прва која лесно легализираше канабис за рекреативна употреба. Тоа носи многу туристи, приходи, но и проблеми. Верувале или не ни требаа повеќе од 5 месеци да пополниме две отво-рени работни места. Нашите вработени ракуваат со машини и опрема кои можат да доведат до инвали-дитет или да бидат фатални доколку не сте физички подготвени и ментално присутни на работното ме-сто. Тоа значи дека сите наши потенцијални вработе-ни се тестираат и доколку има несреќа повторно се тестираат за присуство на алкохол или опојни супс-танци.

4. Како се прилагодивте и како се вклопивте во образовниот, но и во работниот систем во САД, кои се разликите со нашата земја?

Сметам дека се имам вклопено целосно. Порачувам на сите универзитети да воведат статистика како за задолжителен предмет на секој факултет. Работниот систем секогаш пружа многу, но бара и од вас. Со денешната технологија, тешко се раздвојува работниот од семејниот живот и тоа е голем проблем. Аме-риканците се обидуваат да променат, со цел за да на помладата генерација и го пружат максимумот, а сепак да може да постои приватност, но морам да признаам дека тешко оди. Ова особено ако сте по-високо квалификуван. Правило е дека на колку повисока функција сте или колку сте постручни, толку повеќе работите.

Од друга страна, она што ми се допаѓа многу е кор-поративната одговорност. Нашата,а и многу други компании се посветени на наоѓање на начин за намалување на потрошувачката на вода и енергија. На пример вo сите наши млекари нема пластични чаши за една употреба. Една од нашите млекари прерабо-тува преку 6 милиони литри млеко на ден, а не тро-ши ни капка вода од градската мрежа. Компаниите нудат стимулации за да се користат велосипеди или јавен транспорт.. сите овие движења се спори, но сето тоа ме радува. Најтешко од се беше да се научи системот на даноци и ако не е сопругата се уште би имал проблем со тој дел.
5. На кое истражување во делот на вашата работа сте најгорд?

Мојата работа вклучува употреба на науката во производството. Вклучен сум во неколку тимови, а неодамна добивме награда за изнаоѓање нов процес на производство на сирење. Проектот е тесно поврзан со Брегзит и како тоа ќе влијае на нашите две фабрики во Велика Британија. Моравме да почнеме со изградба на ова фабрика на копно на ЕУ, но предизвикот беше да не се градат сите елементи. После 18 месеци успеавме да дизај-нираме систем кој го дава истиот производ во многу помала фабрика, а со тоа да ги скратиме трошоците за изградба од 200 милиони, на околу 110 милиони американски долари, како и намалување на дневните опера-тивни трошоци. Таа фабрика треба да почне со работа на почеток на 2020 година, а е основа за развој во следните 10-20 години.


6. Имате ли можност да соработувате со македонци во САД?

За жал не, особено на професионално ниво.


7. Кога не сте посветени на работните обврски како го исполнувате слобод-ното време?
Домот , семејството и убавините на Колорадо. Американските куќи се гра-дат на интересен начин. Секогаш можете сами да правите некакви проек-ти. Секој може да си дозволи еден куп различни алати и доколку сакате да бидете големо дете и да реализирате проекти во домот и градината имате многу можности. Очекуваме трето дете на крајот на март месец и фокуси-рани сме на тоа. Инаку пред тоа ги спомнав библиотеките, обожавам да читам, а кога времето е убаво во утринските часови за викенд возам ве-лосипед по 40-60 километри или планинарам и уживам во природата која е прекрасна. Колорадо има повеќе од 100 врвови кои се над 4300 метри надморска височина и повеќе од 50 кои се над 4600 метри.


8. Што најмногу ви недостасува од Република Северна Македонија?

Свежата храна од зелените пазари, селскиот леб на баба ми, социјалниот дел од животот, како и убавината на четирите годишни времиња.

9. Дали би сте се вратиле назад?

Во текот на студиите имав можност да престојувам во Египет, но не само како турист, а по тоа имав можност да отидам и во Индија. Ќе речам дека Македонија е прекрасна и треба да се благодарни и свесни за она што ни е дадено од бога. Планирам да се вратам кога мојата кариера ќе биде на залезот, а кариерата на моите деца нема да зависи од никого.


10. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?

Она што секојдневно ги учам моите деца. Една моја професорка во сред-ното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин” велеше: „Барајте си го местото под сонцето каде и да е”. Јас би порачал да отворате очи и душа за нови-те убавини и предизвици, но немојте да заборавите кои сте и од каде сте. Можеме да се жалиме дека многу работи во Македонија не се во посаку-ваниот ред, но немојте да заборавите дека сето тоа ве изградило во силни личности. Никогаш немојте да престанете со личната надградба и секогаш трудете се да бидете одлични во тоа што го работите во животот, дури и ако тоа е само обичен занает. Во животот нема поголемо задоволство од фактот дека се што имате, сте го создале самите вие