Интервју со Мартин Николовски- студент на факултетот за новинарство
Она што ме научи мултиетничко општество во Турција е дека не е важно од каде си, на која рели-гија припаѓаш, дали имаш црна или бела боја на кожата, најважно во животот е да бидеш човек во вистинска смисла на зборот, разговор со Мартин Николовски новинар и студент на Хаџи Бајрам Вели Универзитетот во Анкара Турција.
1. Роден во Битола, своето средно образова-ние го заврши во Економското училиште во Битола, а по тоа високото образование го про-должи на Хаџи Бајрам Вели Универзитетот во Анкара Турција. Од каде желбата да студира-те новинарство, надвор од границите на своја-та татковина?
Желбата да студирам новинарство т.е. да би-дам дел од медиумите е откако знаам за себе. Уште од најмала возраст имав интерес кон медиумите и таа љубов сеуште трае. За прв пат имав можност да застанам пред камера како гостин во емисијата ‘Кидс шоу’ што се емитуваше на сега веќе згаснатата локална телевизија Орбис од Битола. Во основно учи-лиште бев дел од организацијата Детски Пар-ламент, каде што се роди идеја за продукција на тв емисија за деца. Емисијата се викаше Детски Парламент и се емитуваше секоја са-бота на регионалната Тера телевизија. Две сезони бев водител на оваа емисија, а една година на емисијата за средношколци „Имај време за”… исто на телевизија Тера. Подоцна имав своја авторска емисија! На муабет со Мартин Николовски”, која заради финансиски причини беше прекината. Една година работев во веб-порталот setaliste.com.mk, а пред да дој-дам во Турција на студии 3 месеци бев водител
на вестите на сега веќе згаснатата регионална телевизија Канал Визија од Прилеп. Сето ова изминато искуство во македонските медиуми ми претставуваше мотив професионално да се образувам во сферата на новинар-ството и да бидам професионален новинар.
2. Со кои предизвици се соочувавте изминативе години додека студирате во странство?
Најнапред се соочив со предизвикот на големината на градот. Живеам во главниот град на Турција, Анкара која брои приближно 6 милиони жители односно три Македонии. Оддалечен од семејството и моите пријатели исто така беше еден од предизвиците со кои се соочив тука. Турскиот јазик ми беше еден од најголемите предизвици, меѓутоа после седум месеци го совладав, за денес да можам течно да зборувам на турски јазик.
3. Постојат ли сличности и разлики во студирањето во странство во однос на она дома?
Ќе бидам искрен, не знам како изгледа високото образование во нашата земја, но од она што ми го раскажуваат моите пријатели навистина е на разочарувачко ниво. Но сепак, верувам дека Македонија има доста квалитени студенти и добри професори. За разлика од нашата земја, универзитетите во Турција ги има на Шангајската ранг листа за најдобри универзитети во светот. Високото образование во Турција го оценувам како исклучително квалитетно, а пристапот на професорите кон студентите високо професионален.
4. Имате доста големо и богато новинарско иску-ство, а воедно сте млад и надежен новинарски ка-дар, што за вас значи новинарството, на што ве на-учи до сега?
Хм, интересно прашање. Што за мене значи новинар-ството? Новинарството за мене претставува занает кој не се учи само преку книга и бубање, туку прак-тично на терен. Новинарството за мене претставу-ва професија која има сила да направи промени во општеството. За жал во последно време сведоци сме дека новинарството како професија воопшто не е почитувана, новинарите се понижени, рабо-тат во несоодветни услови и за многу ниски плати. Истражувачко новинарство речиси и да нема, и во најголема мера е сведено на copy-paste принципот. На медиумите гледаме повеќе пропаганда во корист на носителите на власта, наместо потребните инфор-мации за кои на јавноста е потребно да им се пре-зентираат. Граѓаните на нашата земја се медиумски неписмени и мора повеќе да се работи во тој дел. На крај би додал дека Македонија е рајот на лажните вести каде што секој пласира она што сака со што најчесто граѓаните се доведуваат во заблуда.
5. Како го исполнувате вашето слободно време?
Слободното време најчесто го исполнувам во нацио-налната библиотека, Меѓутоа не ретко знаам и да се шетам низ најоддалечените делови на Анкара. Често одам на театар и концерти, ги посетувам парковите затоа што во Анкара се најубави, а викендот ми е се-когаш резервиран за шопинг центрите.
6. Како е да се живее во Турција во моментов?
Во моментов животот во Турција е отежнат. Послед-ните две години има голема инфлација со што се доведе до паѓање на вредноста на турската лира. Производите секојдневно поскапуваат, кога велам производи мислам на храна, облека и останатите основни продукти за живот. Сметам дека е зголеме-на сиромаштијата во земјата и искрено се надевам дека оваа состојба најскоро ќе се подобри.
7. Живеете и работите во мултиетничка и мултикул-турна средина, на што ве научија различностите ?
Турција е земја каде што има луѓе од различни на-ционалности и од целиот свет. Од Европа, Азија, Африка се до Америка и Австралија може тука да сретнете луѓе. Она што ме научи ова мултиетничко општество е дека не е важно од каде си, на која ре-лигија припаѓаш, дали имаш црна или бела боја на кожата, најважно во животот е да бидеш човек во вистинска смисла на зборот.
8. Кое е вашето омилено турско и македонско јадење?
Турската и македонската кујна се слични. Така што немав воопшто проблем да се навикнам на турските јадења. Немам едно туку повеќе омилени јадења од турската кујна, па така би издвоил сарма од лозов лист, пиде, донер, ќунефе и ашуре. Кога сме кај ма-кедонската кујна, дефинитивно ловечка плескавица, свинска колбасица како и тавче гравче.
9. Кое е вашето мото за да одите напред и да граби-те кон целта?
Во сите овие години, многу работи во животот сум ги постигнал со упорност. Поради тоа секогаш им велам на моите пријатели бидете упорни во она што сакате да го добиете, не се откажувајте од вашата цел, Не можете ништо да изгубите, напротив можете само да добиете. Упорноста секогаш победува!
10. Кои се вашите идни планови?
Како иден план најнапред би издвоил да го завршам факултетот, за што се надевам наредната година ќе дипломирам. После тоа сакам да продолжам на пост дипломски студии во Македонија или некоја друга држава, а исто така би сакал да се вработам. Да работам во сферата на мојата професија во која вложив голем труд и многу љубов.
11. Дали би се вратиле дома и би направиле некој голем новинарски проект?
Секако. Едвај чекам да се вратам во телевизија, за-тоа што телевизијата е мојата најголема љубов.