Потребно:
-500 гр пченично брашно
-100g интегрално брашно,
-1 ванилин шеќер
-30 г квасец
-40 гр маргарин,
-230 ml вода,
-неколку капки рум,
-на врвот од лажица сол.
-масло за пржење.
Измешајте го пченичното брашно тип 500 и интегрларното брашно. Оставете ги еден час или два за да се постигне собна температура,а водата загрејте ја да биде млака.
Во брашното додајте го квасецот. Додадете го маргаринот, и другите состојки и половина од количината на млака вода. Потоа измесете го тестото додавајки ја останатата вода. Тестото се меси подолго време а потоа се остава 30 минути.
Од тестото се формираат топчиња и се редат на загрен плех посипрен со брашно и се оставаат окулу еден час.
Крофните се пржат по две минути од 2те страни во многу загреано масло.